Пендаровски: Позитивна вест од разговорите во Охрид ќе биде добра за целиот регион, не само за инволвираните страни

Од:

Позитивна вест на крајот на оваа сесија разговори во Охрид ќе биде добра за целиот регион, не само за оние страни кои се инволвирани. Тоа денеска од Охрид го порача претседателот Стево Пендаровски, во врска со средбата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти, што под покровителство на ЕУ се одржува во Охрид.

За текот на разговорите и очекувањата од нив, Пендаровски рече дека не може да даде каква било проценка бидејќи, како што рече „не сме дел од преговорите, туку само домаќини“.

– Имав средби со претседателот Вучиќ и со премиерот Курти, но само се поздравив со нив и им посакав успешна работа. Тоа кажувам, не можам да знам, бидејќи не сум на маса на преговорите. Македнија е само домаќин и ве уверувам дека ќе бидеме одлични домаќини. Претпоставувам дека тоа макар малку може да придонесе за позитивен исход од овие разговори, рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Симиќ: Во експозето на Курти нема Срби, ниту пак правата што ни се гарантираат со Устав не ни се загарантирани

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Курти доби мандат за формирање на нова косовска Влада

Курти во Скопје, МВР најави посебен режим на сообраќај

Вучиќ: Просечната плата во Србија е над 1000 евра, стандардот скокна за најмалку 45 проценти