Пендаровски од новата Влада очекува целосно спроведување на ЕУ агендата

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше и се обрати на Вебинар на тема „Геополитичките проблеми на Западен Балкан среде Корона криза, Евроатлантска перспектива“ организиран од Алумни асоцијацијата Маршал Центар на Република Северна Македонија, во партнерство со Маршал Центарот од Гармиш и Секторот за јавна дипломатија на НАТО.

Пендаровски, како што е наведено во соопштението од неговиот Кабинет, истакнал дека пандемијата од Ковид-19 фундаментално го промени целиот свет и предизвика огромен негативен ефект. Го посочил и притисокот врз нашиот здравствен систем, за кој додал „дека беше исто така огромен, но за среќа ние не допревме до горните граници на неговите капацитети и успеавме да избегнеме колапс на националниот систем“.

Претседателот се осврнал на дезинформациите и хибридните кампањи поврзани со Ковид-19 и нивното искористување и злоупотреба. Во „океанот од лоши вести“, потсетил претседателот Пендаровски, добра вест беше што станавме членка на НАТО во март, што без сомнение е клучен стратешки чекор напред што го направи Северна Македонија во целата своја пост-комунистичка историја.

-Тоа ни овозможи да ги искористиме механизмите за координација на НАТО и официјалните билатерални врски со другите земји-членки, со цел подобро да се подготвиме за кампањата на дезинформации која беше засилена кога влегувавме во предизборниот период, истакнал претседателот.

Говорејќи за предизвиците со кои се соочува регионот, како и ЕУ во услови на Корона-кризата порачал дека регионот има потреба да има европска перспектива. Претседателот Пендаровски изразил очекување дека оваа есен ќе се постигне напредок во процесот на пристапување во ЕУ. Според најавите, деновиве, треба да имаме нова Влада од која, додал претседателот, очекува целосно спроведување на ЕУ агендата во клучните области.

-Основниот предуслов за успех е да се соберат највештите личности, без оглед на нивната политичка или етничка припадност. Очекувам да видам луѓе со силни проевропски и демократски капацитети, со чисти антикорупциски записи, порачал претседателот Пендаровски.

Тој оценил дека недостатокот на ЕУ перспектива секогаш ги поттикнува алтернативните политички агенди и дека за време на пандемијата видовме многу вакви примери.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски