Пендаровски: Најбитно е што помасовно да се излезе на 27 април

Од:

Кандидатот за претседател на Република Македонија од СДСМ Стево Пендаровски очекува во вториот круг на 27. април масовна излезеност зашто 40-ина насто гласачи се опозициски определени, рече вчера на митинг во Прилеп.

Упати порака до гласачите Албанци кои не излегоа во првиот изборен круг, тоа да го направат в недела и да не ги бојкотираат изборите.

– Покажете на дело дека сте за поинаква Македонија. На 27-ми нема да ја завршиме целата работа, ќе има за што да се избориме и потоа. И без разлика на изборниот резултат, битката за европска Македонија ќе биде и понатаму, но најбитно е што помасовно да се излезе на 27 април, рече Пендаровски.

Повик за промени пред прилепчани упати и претседателот на СДСМ Зоран Заев.

– На Македонија и требаат промени за нов почеток за сите во оваа земја. Ова е борба за Македонија. Ваква отворена борба немало, а вие прилепчани многу добро знаете што значат и како се водат борбите. Оваа е броба за промени, за нов почеток, за иднината на нашите деца, рече Заев.

Претседателот на СДСМ посочи дека нудат искрен концепт за враќање на средната класа. – Ниедна земја нема иднина со 70 проценти сиромаштија. Единствен модел за иднината е да се врати средната класа, да им се вратат парите на граѓаните, да нема измислени давачки, истакна Заев.

Тој спомна и решенија за тутунарите.

– Ќе има субвенции и повеќе од сегашните 60 денари. Ќе дадеме и 70 денари, а секоја година и повеќе, ќе има три класи, но тоа не е вистинско решение. Решението е во пласманот, во откупот на тутунот. Мора да понудиме решенија за проблемите во земјоделството. Јас тоа многу добро го знам, потекнувам од земјоделски крај од Муртино. Знам и да работам во економијата, да отворам нови работни места, рече Заев.

На митингот во Прилеп пред своите сограѓани говореше и Хари Локвенец, носител на листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 4, кој оцени дека кај граѓаните има желба за промени и нова иднина.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време