Пендаровски: Масовна излезност да ја спречиме кражбата на Груевски

Од:

Во првиот изборен круг бевме предмет на ситемски фалсификат. Не смееме повеќе да аминуваме ниту еден фалсификат на власта на Груевски, којашто ги краде изборите последните неколку изборни циклуси, повика претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски во Гевгелија.

-Нашата понуда е подобра, реална и чесна, народот тоа го препозна. Тоа мора да најде свој одраз во гласачките кутии. Ако не, режимот ќе се соочи со народот, рече Пендаровски.

Во обраќањето пред гевгеличани тој упати повик и до сограѓаните од другите етнички заедници.

-Со бојкот ни еден проблем не се решава. Со бојкотот само ќе му дадете уште еден мандат на досегашниот претседател и на неговиот ментор Никола Груевски, рече Пендаровски.

-Нека не ве залажуваат дека има алтернативна опозиција. Единствената организирана политичка сила којашто е подготвена да се спротивстави на режимската власт на Груевски е здружената опозиција на чело со СДСМ.

Масовна излезност на 27-ми април, за волјата на народот да ги спречи нечесните намери на нечесната власт на Никола Груевски, повика кандидатот за претседател на РМ, Стево Пендаровски на собирот со граѓани вечерва во Гевгелија.

Времето беше врнежливо но граѓаните беа излезени, да дадат поддршка, за Промени.
Пред гевгеличани зборуваше и претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Првата мерка на 28-ми ќе биде слободата. Ве повикувам да направиме промени за доброто на државата рече Заев на собирот во Гевгелија.

4

3

2

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага