Пендаровски ќе го прими Мицкоски на средба

Од:

Шефот на државата, Стево Пендаровски ќе го прими на средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со пратениците од партијата, доколку тој го побара тоа, велат од претседателскиот кабинет за „А1он“.

Оттаму додаваат дека Пендаровски е подготвен да разговара за сите прашања кои Мицкоски сака да ги постави, по што, доколку средбата се одржи, ќе соопштат детали за истата.

Инаку, Мицкоски преку медиумите најави со дел од пратеничката група попладнево ќе се упатат кон канцеларијата на претседателот Стево Пендаровски за да проверат дали Заев доставил доказ за обезбедено собраниско мнозинство. Мицкоски го обвини Пендаровски дека му го доделил мандатот на Зоран Заев без приложен доказ дека навистина има обезбедено собраниско мнозинство.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, најави и следни чекори, доколку Пендаровски не го оправда доделувањето на мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Мицкоски на конгрес на Европската народна партија

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат