Пендаровски: И најмалото дете во државата знае што треба да направиме за ЕУ

Од:

За претседателот Стево Пендаровски агендата за Европската унија е јасна и не треба да се одолговлекува со уставните измени, но смета дека во моментов нема национален консензус за промени.

– Бевме 17 години кандидат и мислам дека најмалото дете во државава знае што треба да направиме за ЕУ, но најголемата обврска е на нас што сме избрани да носиме одлуки. Агендата ни е јасна и не треба да одолговлекуваме.

Ние немаме во моментов национален консензус да продолжиме кон Европската унија. Прва обврска во таа смисла е промената на Уставот и тука треба да се покаже дали си за ЕУ или не си. Ако имаме шест делови од други народи кои живеат овде освен Македонците, што е спорно да ги внесеме уште Бугари, Хрвати, Црногорци, можеби Евреи – изјави Пендаровски.

Шефот на државата потенцираше дека позициите на главните опозициски партии се толку вкопани што не гледа маневарски простор.

– Имате заверени изјави на нотар дека ни на сон нема да потпишуваат промена на Уставот. Решението е постојано јавно да објаснувате дека со внесувањето на Бугарите во Преамбулата не ја рушите државата. Се работи за сосема бенигна ситуација – додаде тој.

Би можело да ве интересира

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот