Пендаровски: Гоце Делчев нека го чествува кој сака, нам тоа може да ни прави уште поголемо задоволство

Од:

„Гоце Делчев нека го чествува кој сака, тоа може само на нас Македонците кои го чествуваме, кои го почитуваме, да ни прави уште поголемо задоволство, поголем мерак. Станува збор навистина за фигура која далеку ги надминува, јас би рекол, и регионалите рамки на Балканот,“ рече денеска претседателот на републиката, Стево Пендаровски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната седница на Советот за безбедност.

– Она што навидум не дели, треба да не спојува. Јас мислам дека тој е македонски револуционер, кој е еден од најзаслужните за македонската држава која стана вистина, која се оствари по 1944 година. Меѓутоа тоа што тие тврдат дека тој е Бугарин, се борел за бугарската кауза, е за мене неспорно. Секој има право тоа да го брани. Зошто тоа би било проблем, не во однос на евроинтеграциите, генерално како народи, како граѓани, не гледам проблем ако ти го сметаш некого за јунак да го чествуваш и ти, и тоа не мора да биде исклучиво, рече Пендаровски на прашањето за Гоце Делчев, чиј македонски идентитет се оспорува со Меморандумот од Бугарија.

Би можело да ве интересира

Проф. д-р Михајло Марковиќ и проф. д-р Соња Новотни ја добија државната награда „Гоце Делчев“ за остварувања во науката

А1он

Одбележани 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода – Гоце Делчев

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски и би се борел против криминалната ВМРО

Сто дваесет и три години од смртта на Гоце Делчев

Сто педесет и четири години од раѓањето на Гоце Делчев

Кој мешетари, а кој озборува – Пендаровски и Фрчкоски се скараа за СДСМ

Катерина Ѓуровски