Пендаровски: Го зајакнуваме присуството во НАТО во Брисел, продолжуваат реформите во Армијата

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа воведно предавање на втората НАТО Академија организирана од Евро – Атлантскиот Совет на Македонија. Посочувајќи на фактот дека земјата формално е членка на НАТО од март годинава, Пендаровски истакна дека како држава ќе го зајакнеме значајно нашето присуство во воениот и во цивилниот дел во седиштето на Алијансата во Брисел. Во оваа насока, како што рече, следната недела во НАТО заминува амбасадорот на земјава во Алијансата.

Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, во однос на реформите во нашата Армија, Пендаровски посочил дека „тие продолжуваат и натаму имајќи предвид дека како нови членки на најголемиот политичко – воен сојуз сме должни да ги спроведеме, а за динамиката на спроведување постојано сме и мониторирани“

Истовремено, како што додаде претседателот Пендаровски „се обврзавме дека од 2024-тата година, ќе издвојуваме по 2% од БДП за Армијата“.

Осврнувајќи се на учеството на припадниците на Армијата во мировни мисии на НАТО, Пендаровски како што се наведува истакнал дека неодамна 44 војници и старешини заминаа во мисијата на КФОР на Косово.

Учеството во оваа конкретна мисија е особено важно за регионалната стабилност и безбедност. Верувам дека со нашето пристојно учество, како нова земја членка на НАТО, ќе придонесеме кон постигнување на оваа цел. Бидејќи крајната цел на мисијата на КФОР на Косово е токму стабилност на целиот регион, рече Пендаровски.

Во своето предавање, Пендаровски се осврнал на улогата на НАТО во спречување или во намалување на последиците од т.н. Хибридни закани, коишто претставуваат најнов облик на безбедносни закани.Една од големите придобивки од нашето членство во НАТО е тоа што Република Северна Македонија е дел од механизмот за размена на информации. Тој механизам овозможува земјите членки на НАТО, но и оние коишто не се дел од Алијансата меѓу себе да разменуваат важни информации коишто помагаат, да речеме во некоја истрага за меѓународен тероризам. Се разменуваат и информации коишто би спречиле и одредени напади. И ова е една од големите придобивки од нашето членство во НАТО, потенцираше претседателот Пендаровски, се наведува во соопштението од неговиот Кабинет.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Русија нема да дозволи присуство на сили на НАТО во Украина

Горан Наумовски

НАТО можеби нема да може да го исполни ветувањето од 140 милијарди евра за Украина

Поранешен украински премиер: НАТО никогаш нема да го прими Киев во Алијансата

А1он

Дигитален ѕид на НАТО се појави по должината на руската граница

Захарова: НАТО продолжува со милитаризацијата на Европа и подготовките за конфликт со Русија

Иран ги обвинува НАТО и европските земји за соучество во нападите меѓу САД и Израел