Пендаровски до жените: Во мојот Кабинет ќе има советничка за родова еднаквост

Од:

Жените, мора активно да бидат вклучени во секое поле од општественото живеење и ова ќе биде негова заложба како иден претседател, посочи денеска Пендаровски на граѓанска трибина со жените под мотото „Еднакви“.

– Ќе назначам посебна советничка за родова еднаквост и промоција на учеството на жените во политиката. Како што веќе најавив ова ќе биде еден од моите први 8 проекти, најавени за првите 8 месеци“, рече Пендаровски.

Само еднакво општество, посочи Пендаровски, може да е вистински правично, силно и напредно. Ова е цел кон која треба секој ден и сите заедно да работиме. Се заложив за заштита на сите девојки и жени кои се уште се соочуваат со родово базирано насилство, кои се уште немаат еднаков пристап до образование, работа, здравство.

– Мора да создадеме услови за секоја жена да има еднаков третман и услови за развој и напредок, порача Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски