Пендаровски: ДИК не е надлежен да кажува кога треба да има избори

Од:

ДИК не е надлежен да кажува кога може да има избори. Ако политичарите кажат да има, тие тоа ќе го испратат во рамки на законската рамка. Сега имаме една законска рамка, ако понатака се донесе нова, тие тоа ќе го испочитуваат, изјави претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност, одговарајќи на новинарско прашање дали било разговарано околу подготовка на изборите.

Претседателот Пендаровски, посочи дека три работи од минатата лидерска средба биле побарани од надлежните институции.

– Прво во однос на миниторинг мисијата ОБСЕ/ОДИХР. Министерот за надворешни работи Никола Димитров, пред два дена, разговараше со шефот на таа организација и доби уверување дека ќе има на писмено за колку време тие се подготвени и дали се воопшто подготвени во услови на пандемија да ги мониторираат нашите избори, изјави Пендаровски.

Втора работа, продолжи тој, беше побаран документ од Комисијата за заразни болести, кој веќе е изготвен и каде се кажуваат сите потребни протоколи за спроведување на изборите.

– Клучна проценка во него е дека се додека не се најде вакцина, односно лек за овој вирус, изборите било каде во светот, не само тука, па веројатно и догодина, ќе мора да се бидат спроведуваат под посебен режим, изјави Пендаровски.

Во однос на материјалот доставен од ДИК до него, Пендаровски рече дека од него е јасно дека ДИК не е надлежен да кажува кога може да има избори ќе се прилагодат на законската рамка откако ќе донесат одлука политичарите.

– Она што ДИК не го кажува, и не може да го каже, бидејќи не е нејзина надлежност, е датумот за избори. Кога политичките лидери или политиката ќе решаат да има избори, тие ќе се прилагодат кон тоа што ќе го побара политиката од нив. Тие одат според законите, во оваа ситуација според уредбите со законска сила, изјави Пендаровски.

Нагласи дека имал средба со членовите на ДИК и целосно е сигурен во нивната професионалност и знае дека материјалто доставен до него е донесен едногласно.

Уставниот суд, посочи Пендаровски, веќе има одлука дека вторите 30 дена вонредна состојба не беа не уставни, што значи дека не очекувам да има промена и за овие 14 дена.

Претседателот, уште еднаш, го повтори ставот дека ако нема вонредна состојба Армијата не може да биде вклучена во помош на полицијата за справување со корона кризата.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар