Пендаровски денеска ќе добие уверение, утре ќе биде инаугуриран во Собранието

Од:

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска на седница на Државната изборна комисија ќе добие уверение дека е избран за пеф на државата.

Претходно ДИК ќе одржи јавна седница на која ќе ги објави конечните резултати од претседателските избори.

Пендаровски утре ќе биде инаугуриран на седница во Собранието на Република Северна Македонија, со што и официјално ќе го почне петгодишниот мандат.

На седницата Пендаровски ќе даде свечена изјава пред народните избраници, членовите на Владата, верските лидери, првите луѓе на армијата, дипломатскиот кор и гости од странство.

Претседателот на Собранието Талат Џафери за МИА изјави дека досега потврда за присуство на инаугурацијата на Пендаровски пристигнала од бугарскиот претседател Румен Радев, од албанскиот претседател Илир Мета и од косовскиот претседател Хашим Тачи. Присутни ќе бидат и заменик премиерот на Турција и делегација од Словенија, од каде, исто така, се очекува одговор дали нивната делегација ќе ја предводи лично претседателот Борут Пахор.

Покани за присуство на инауграцијата преку Министерството за наворешни работи се испратени до сите шефови на држави членки на НАТО и ЕУ, вклучувајќи ги и претставниците на Европската комисија, како и од земјите од регионот.

– Досега е потврдено присуството на претседателите на Бугарија, Албанија и Косово, Радев, Мета и Тачи, заменик премиерот на Турција и делегација од Словенија, рече Џафери.

Седницата треба да започне напладне, а откако ќе биде отворена новоизбраниот претседател треба да даде свечена изјава, ќе има обраќање пред народните избраници, по што ќе следува свечен коктел.

Пендаровски, кој беше поддржан од СДСМ и коалицијата, на втор круг од претседателските избори освои 436.212 гласа, или 51,66 отсто од гласовите на граѓаните кои излегоа на гласање.

Стево Пендаровски ќе биде петти шеф на државата од нејзиното осамостојување. Пред него претседателската функција ја извршуваа Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата на ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Горан Наумовски

СДСМ го обвини Мицкоски: ЕК нотира системски притисоци врз правосудството

Горан Наумовски