Пендаровски – Агелер: Американската поддршка ќе продолжи како гарант за мирот

Од:

Билатералните односи се одвиваат со одлична динамика, согласно долготрајното македонско-американско пријателство, а во духот на стратешкото партнерство и сојузништвото во НАТО, било посочено на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, соговорниците размениле мислења и информации за одвивањето на евроинтегративниот процес и за следните чекори кои треба да бидат преземени во таа насока, како и за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина.

-Претседателот Пендаровски истакнувајќи дека нашата држава придава особено значење во развојот на односите со САД, изрази уверување дека американската поддршка ќе продолжи и во периодот што претстои, како гарант за мирот, стабилноста и просперитетот на Западниот Балкан, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата

Сиљановска води повеќе од двојно пред Пендаровски, покажуваат бројките на ВМРО-ДПМНЕ

Пендаровски: Мицкоски е политички наследник на Ванчо Михајлов

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Катерина Ѓуровски