Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Од:

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број 11 синоќа беше евакуиран првиот влез од зградата на булеварот „Кузман Јосифовски- Питу“. Станарите шест часа не можеа да се вратат дома.

Деведесетгодишната жена живеела со 65-годишна ќерка, која е подвижна и не користи пелени за вршење нужда. Тим од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Скопје и денес е во станот со пелени за да се утврди дали и каква помош им треба на станарите.

„Тимот уште синоќа утврди дека деведесетгодишната жена која користела пелени починала во јануари. Сега работиме на тоа да утврдиме зошто пелените толку време останале во станот во кој деведесетгодишната жена живела со 65-годишна ќерка. Се работи за материјално и станбено обезбедена жена, односно корисник е на пензија и има стан, не е загрозена категорија, а и самата има ќерка, која, пак, има обврска да се грижи за неа. Сега кај неа е нов тим од центарот за социјална работа кој ќе разговара и со 65-годишната жена, а на незината ќерка, пак, ќе ѝ објасни дека има обврска да се грижи за мајката“, изјави за „Макфакс“ Наташа Станојевиќ, директорка на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Скопје.

Директорката Станојевиќ најави дека Центарот ќе продолжи да го следи случајот и ќе интервенира доколку утврди несоодветна грижа за 65-годишната жена.

Од Министерството за труд велат дека согласно со Законот за социјална заштита, Центарот за социјална работа нема надлежност да постапува бидејки ќерката има обврска да се грижи за мајката, за нејзината здравствена состојба и одржувањето на личната и хигиената во станот​.

Вчера околу 18 часот станари од „Скопјанка“ се пожалиле на остар мирис од кој ги печеле очите. На терен излезе противпожарната бригада на Скопје, полиција и армијата кои со гас-маски ги евакуираа станарите, а по шест часа открија дека остриот мирис се шири од станот број 11 во првиот влез. По дезинфекција на станот на станарите по полноќ им беше дозволено да се вратат дома, а градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, најави дека ќе се направи дезинфекција на целата зграда.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Обвинителството ќе истражува дали е злоставувано детето кое живее во загадениот стан во „Скопјанка“

Наум Локоски

Станојевиќ: Таткото на децата од станот во „Скопјанка“ нема поднесено барање за предоверување

Наум Локоски

(ВИДЕО) Шилегов: За мене приоритет беше безбедноста на граѓаните од Аеродром

Ана Ололовска

МТСП: Жената од станот во „Скопјанка“ не е социјален случај

Ана Ололовска

Евакуираните станари се сомневаат дека искористени пелени се причина за остриот мирис

Наум Локоски

Замирисани пелени и урина во шишиња причина за евакуацијата на зградата во Скопје

Наум Локоски