Обвинителството ќе истражува дали е злоставувано детето кое живее во загадениот стан во „Скопјанка“

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето кое што живее со бабата во станот во „Скопјанка“ кој што беше полн со употребени пелени. Обвинителството оформило предмет по допрен глас откако во средата вечерта станарите од првиот влез во зградата поради остар мирис беа евакуирани, а противпожарната служба, полицијата и војската утврдија дека мирисот е од станот во кој биле насобрани искористени пелени.

„Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас во врска со настанот што се случи на 19.09.2018 година, кога по дојава на жители од зграда во скопската населба Аеродром, во стан во истата зграда беше откриено дека семејство со едно малолетно дете живее во исклучително лоши хигиенски услови. Предметот е оформен во насока на проверка дали детето кое што живее во станот со неговата баба е запоставено од неговите родители“, соопшти Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Скопје издало наредба до СВР-Скопје да ги направи сите неопходни проверки со родителите на детето. Воедно, од Центарот за социјални работи на Град Скопје било побарано да формира стручен тим, кој ќе изготви детален извештај за семејството во кое живее детето. Тимот ќе треба да провери дали семејството до сега било пријавувано во Центарот, дали било интервенирано од нивна страна и дали има пропусти во грижата на родителите за развојот на детето.

По направените проверки и обезбедените докази ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.

Маја Илиевска – Пачемска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он