Пекевски: Месното население и компаниите да се вклучат во гаснење на пожарот на планината Готен

Од:

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски по одржаниот кризен штаб го повикува месното население и општествено одговорните компании да се вклучат во гаснење на пожарот на планината Готен.

Пекевски вели дека три дена во планината се пожарникарите и вработени во ЈП „Национални шуми“, кои веќе се истоштени од битката со огнените јазици.

Посочува дека синоќа се организираат доброволци од Општина Берово, како и општествено одговорни компании денеска наутро да заминат на планината Готен, со цел да не се дозволи ширење на пожарот кон селата Владимирово, Мачево и Русиново.

Во апелот на Општина Берово, кој е објавен синоќа се вели поради сериозноста на пожарот кој го зафати подрачјето на општината, согласно заклучоците од вечерешниот состанок на Кризниот штаб, се упатува апел до сите граѓани на Општина Берово, кои се во можност, доброволно да се вклучат во акцијата за гаснење на пожарот.

-Ве повикуваме утре, 26.07.2025 година (сабота), во 5.00 часот, масовно да се собереме пред зградата на Шумското стопанство Берово и да се вклучиме во акцијата за спречување на пожарот. Со себе задолжително понесете: мотика или гребло, вода за пиење, храна за себе, за текот на денот. Вашата солидарност, ангажираност и храброст, во овие тешки моменти, се од непроценливо значење, за заштита на шумите, животната средина и безбедноста на сите нас, се вели во соопштението од Кризниот штаб на Општина Берово.

Инаку пожарот на планината Готен е активен веќе девети ден и се простира на територија на општините Василево, Радовиш и Берово. Во гаснењето вклучени се пожарникари, вработени во ЈП „Национални шуми“, месното население, специјализирани возила, како и ер тракторите и хеликоптери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Белград: Пожар на покривот на Имо Центар

(ВИДЕО) Тројца загинати во пожар во близина на Милано

А1он

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

Уапсен е пироман од Флорида кој подметна пожар во кој изгореа 12 луѓе

А1он

Пожар во болница, загинаа најмалку шест пациенти

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ружински: Предвидуваме трајно решение за проблемот со улицата „Илинденска“ во Берово