Позната пекара „Силбо“ во центарот на Скопје не ги почитува препораките на Владата.
До редакцијата на „А1он“ се јавија повеќе граѓани кои реагираат дека „Силбо“, кршејќи ги препораките, во затворен простор продава храна.
Граѓаните велат дека доставиле пријави до Државниот санитарен инспекторат, од каде им било кажано дека веќе има опомена до познатата пекара во која речиси секогаш има гужва.
Според вчерашните владини препораки, дозволено е само онлајн продавање храна, со достава или на штандови кои се извадени надвор.