Пехчево доби фестивалска сцена и туристичко-информативен центар

Од:

Општина Пехчево во рамки на меѓуграничниот проект „Платформа за меѓуграничен фестивалски туризам“ доби фестивалска сцена со комплетно озвучување и опрема, како и современ туристичко-информативен центар.

Како што беше соопштено денеска на прес – конференција, на која беа промовирани резултатите од проектот, ова за Пехчево значи продолжување на напорите кои општината ги прави општината за развој на туризмот.

Проектот изминатите 24 месеци го спроведуваа општина Пехчево од Македонија и Брезница од бугарската општина Гоце Делчев.

– Со туристичко-информативниот центар, туристите кои ќе го посетат Пехчево ќе имаат можност да ги добиваат сите потребни информации на едно место, што за нас ќе значи дека ќе може да ги промовираме нашите природни богатства. Исто така добиваме и современа сцена на кој покрај организирањето на постоечкиот Фестивал на дувачки оркестри, ќе можеме да организираме и голем број други манифестации и фестивали со што ќе го подигнеме културниот живот во градот, рече градоначалникот Драган Тренчовски.

Според координаторот на проектот од Брезница, Теодорина Тодорова, соработката со Општина Пехчево овозможила развој на трансграничниот туризам и реализирање голем број инфраструктурни активности.

Координаторката од општина Пехчево, Јасминка Пашалиска Андонова, информира дека во рамки на проектот е изготвена Стратегија и студијата за развој на туризмот како насока за следните чекори на општината за развој на туризмот.

Проектот „Платформа за прекуграничен туризам во полето на култура и традиција – ФОЛКЛОР“, вреден 450.000 евра, се спроведува преку Интерег ИПА прекуграничната програма Бугарија – Македонија.

Би можело да ве интересира

Пекевски: Се чекаат резултати по информацијата за појава на салмонела во детската градинка во Берово

Во прекин сообраќајот на патот Берово – Виница, поради невремето критично на влезот во Смојмирово

Земјотрес во Пехчево и Берово

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за дилер од Пехчево

А1он

Општина Пехчево нема да троши средства за нови новогодишни реквизити

А1он

Почна со работа првиот пинг-понг клуб во Пехчево

А1он