Педесетина домаќинства приклучени на новиот водовод во Чанаклија

Од:

Вработените во општинското комунално претпријатие „Турија“ од Василево, деновиве започна со приклучување на домакинствата од Чанаклија на новиод водовод.

Како што истакна градоначалникот на Василево, Ване Стојанов, првите 50 домакинства веќе потпишале договори и се приклучени на новиот водовод.

– Како и во останатите села, така и овде домаќинствата плаќаат по 1.300 денари за приклучување. Судејќи според интересот се надеваме дека до крајот на мај сите 160 домаќинства во село Чанаклија ќе се приклучат на новиот водовод, со што ќе се надмине проблемот со снабдување на жителите со здрава вода за пиење, изјави градоначалникот Стојанов.

Системот за водоснабдување во Чанаклија е изграден со средства од општина Василево и Владата на Република Македонија преку Проектот за подобрување на општинските услуги.

Би можело да ве интересира

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински

Зголемена потрошувачка на вода, во делови од Скопје рестрикции и намален притисок

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Арсовска: Фатен нов див приклучок на вода во Сарај, си наводнувал пластеници

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица