Педесет и пет години од полонистиката во Македонија

Од:

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска во соработка со Амбасадата на Полска ја одбележа 55-годишнината од полонистиката во Македонија.

Во Ректоратот на скопскиот Универзитет, полскиот амбасадор Јацек Мултановски оцени дека Македонија и Полска имаат добри односи и оти соработувајќи може да придонесат за нивно уште поголемо интензивирање и продлабочување.

– Не поврзуваат многу работи. Полска ја поддржува Македонија на патот кон евроалтанските интеграции, а многу динамично се развиваат и контактите во разни дејности, истакна Мултановски.

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски најави дека Владата и Министерството за образование ќе продолжат со негување на добрите пријателски односи со Полска.

– Посебно значајни се интензивирањето на соработката во делот на размената на научни и образовни искуства по потпишувањето на меморандумот за соработка во делот на високото образование. Верувам дека со ваквата конкретна соработка значително ќе се зголеми квалитетот на знаење кај студетните кои ќе имаат можност да студираат во Полска, како и изучувањето и промоцијата на македонскиот јазик на катедрите на полските универзитети, рече Ристовски.

Според ректорот на скопскиот Универзитет, Велимир Стојковски, академската соработка во полето на истражувањето е вистинскиот пат за да се биде дел од заедничкиот европски образовен систем.

Во рамки на одбележувањето ќе се одржи и дебата за трендовите и перспективите на полскиот јазик и предавање „За 60 минути околу Полска“, а ќе настапи и групата Жешов Клезмер Бенд.

Би можело да ве интересира

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани

А1он

Студентите се собраа на заеднички час во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Студентите нема да одат на настава една недела, ќе организираат настани за почит на жртвите