Педесет деца и бебиња од Гевгелија заболеле од мистериозна респираторна инфекција

Од:

Министерството за здравство ја информира јавноста дека изминатиов месец во болницата во Гевгелија, лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, неспецифични за овој период од годината.

„Во текот на утрешниот ден тим од Клиниката за педијатрија, во состав д-р Аспазија Софијанова, д-р Весна Мицевска и д-р Валентина Јовановска Огненовиќ ќе бидат упатени во ОБ Гевгелија, за поддршка на педијатрите и евентуални дополнителни испитувања во делот на специфична дијагностика. Во мометов во болницата во Гевгелија хоспитализирани се само само две бебиња, поради возраста, а дваесетина деца се на терапија, но тие не се задржани во болница“, велат од Министерството за здравство.

„ОБ Гевгелија досега ги има преземено сите здравствени протоколи за третман на младите пациенти, но поради неспицифичноста на самите инфекции кои се појавиле во топлиот период, а карактеристични се за есен и зима, потребни се дополнителни анализи и по нивното завршување, јавноста ќе биде информирана“,

Би можело да ве интересира

Иран: Во американските и израелските напади загинаа 208 деца

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он

Зеленски е критикуван поради страдањето на деца во Донбас

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци