Пеце сам собрал пари за лекување, но не успеал да се качи во авионот за Турција

Од:

Пеце Роговски го однеле до скопскиот аеродром и веднаш го вратиле во битолската болница каде почина. Пеце бил вратен поради направениот пропуст што не било навреме пријавено дека треба да патува во лежечка состојба.

Иако на семејството му се укажа можност Пеце да се оперира, тоа го спречи сериозниот пропуст во организацијата на транспортот.

Според информации до кои дојде А1он, Пеце поради прогресирањето на болеста не бил во состојба летот до Турција да го помине во седечка положба поради огромните болки кои ги имал.

Откако сами собрале пари од донации и бизнисмени, наместо од државата, семејството одлучило да патува и да се оперира Пеце, но не било овозможено патот до Турција да го помине во лежечка позиција зашто само така болките можел да ги издржи.

Откако тој и неговата мајка пристигнале на аеродром и не биле примени да патуваат, се вратиле во Битола.

Неговата состојба значително се влошила, а патот до скопскиот аеродром и назад до Битола целосно го истоштил.

Директорот на битолската болница Василие Најдовски за А1он рече дека болницата овоможила транспорт на Пеце Роговски до скопскиот аеродром и откако обидот за патување во Турција бил неуспешен го вратиле назад.

Според доктор Најдовски, семејството патот до Турција го организирале сами и бил направен пропуст во тоа што не било резервирано уште едно, трето седиште.

Семејството парите ги собрале сами. Дел преку донации на броеви од мобилните оператори, дел од хуманитарните манифестации организирани од неговите другари дел преку уплати директно на сметка на Пеце.

Од Фондот за здравство се бранат дека семејството на Роговски воопшто не поднело барање за лекување во странство.

Ова е уште една жртва на здравствениот систем во Македонија. Државата премногу лесно дозволува семејставата на оние на кои итно им е потребна операција во странство сами да се снаоѓаат за спас на животите на најблиските, па дури и да го организираат патот.

Случајот на Пеце Роговски привлече огромно медиумско внимание а апелите за помош пристигнуваа како од неговото семејство така и од сите негови другари од Битола.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов