Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори со актуелниот градоначалник за Охрид

Од:

Актуелниот градоначалник Константин Георгиески од СДСМ и пратеникот Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ ќе се борат за градоначалничката фотелја во Охрид. Двајцата се првите потврдени кандидати за престојните локални избори кои треба да се одржат во октомври. Георгиески по вторпат ќе ја бара довербата на охриѓани, додека Пецаков за првпат влегува во трга за да стане градоначалник на градот. Двајцата во минатото извршувале високи партиски функции. Пецаков е и првото име кое го знае јавноста како кандидат за локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ.

Георгиески од СДСМ беше в.д. градоначалник од декември 2018 година, наследувајќи го Јован Стојаноски, по неговата смрт. Претходно, беше назначен за заменик на Стојаноски. Во мај 2019 издвои победа за СДСМ на тогашните локални избори. По професија е специјалист за интерна медицина. Јавноста го памети како градоначалник кој прв го започна уривањето на бесправните градби на охридското крајбрежје, но и како прв човек на Охрид кој дозволи изградба на дивоградбата кај Чинарот и бетонската база на околу 50 метри од езеро, сопственост на екссоветникот Нефи Усеини. Двете дивоградби, не се отстранети и по три години откако тој раководи со општината.

И Кирил Пецаков во минатото извршувал функции во Општина Охрид. Во периодот од 2009 до 2013 година, тој е советник во градот. Во ВМРО-ДПМНЕ извршувал повеќе функции, како претседател на Унијата на млади сили. Во 2017 година беше избран и за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ-Охрид. По професија е стоматолог. Важи за критичар на работата на актуелната власт во Охрид и градоначалникот Константин Георгиески.

Претседателот на Собранието Талат Џафери на крајот на јули или почетокот на август ќе ги распише локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум