Пазарџија се обидел да прегази инспектори, полицијата пукала во гумите од неговото комбе

Од:

53-годишен ресенчанец е приведен денеска откако со неговото возило комбе „мерцедес спринтер” се обидел да прегази комунални инспектори и полициски службеник кои вршеле службени дејства, при што полицискиот службеник испукал со пиштол во гумите на возилото.

Според пријавеното, пред тоа во Градскиот пазар Прилеп, додека продавал производи со возилото, тој бил отстранет од страна на инспекцијата. Н.К. е приведен во полициска станица, а известени се Јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. По документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко