Данева: На земјоделците им е потребен откуп и пласман на производите

Од:

Денес сме во Богданци и во околината, живописен крај, прекрасни места, мили луѓе, драг народ. Меѓутоа, за жал, заборавени целосно како од од централната, така и од локалната власт. Вчера бевме во Валандово и валандовско. Ги посетивме селата Удово, Пирава, Марвинци и други, го посетивме Стар Дојран, Нов Дојран. Ова се впечатоците од теренот на опозицијата кои ги кажа потпретседателот на СДСМ, Ана Павловска Данева.

„И овој седми по ред викенд од работното лето на СДСМ се сретнуваме со граѓаните, ги слушаме нивните маки, но и нивните сугестии, предлози и идеи за решавање на проблемите. Се сретнуваме со различни целни групи, со млади, со спортисти, со пензионери, со чаршијата, најмногу од сите ни приоѓаат земјоделците кои ги имаат впрочем и најголемите проблеми во овој крај.

Останува заклучокот дека ниту централната, ниту локалната власт не нуди решенија, нема инвестиции, ниту пак граѓаните гледаат светла иднина. Од сите овие причини целата надеж, сите очи се вперени во кандидатот за градоначалник на Богданци од редовите на СДСМ, Д-р Зоран Прочков“, рече Павловска Данева.

Според неа најголеми проблеми има во инфраструктурата, а земјоделците им порачале да и пренесат на власта дека субвенциите не им се потребни туку откуп на и пласман на нивните призводи.

„Тоа го бараат земјоделците, младите бараат вработувања, се селат се иселуваат, не само од овие места туку се иселуваат од државата, иако се високо образовани кадри. Бараат, се разбира преку вложување во инфраструктурни проекти да се изградат и капацитети кои ќе овозможат вработувања на луѓето за да можат да останат во своите родни места“, изјави Павловска Данева.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија