Павловска Данева: Изборот на Неделкова за претседател на Врховниот суд e атак врз македонското судство

Од:

„Изборот на Лидија Неделкова за претседател на Врховниот суд претставува уште еден атак врз независното и професионално судство. Тоа е новиот пример како судството станува целосен заложник на извршната власт. Сега, од врвната позиција во судството, Неделкова комотно ќе може да продолжи со спроведување на потребите на ВМРО-ДПМНЕ и контролирање на политички мотивираните судски процеси кои ги наметнува овој режим“, рече Ана Павловска Данева, потпретседател на СДСМ.

Ние сме загрижени за изборот на Неделкова и стравуваме за владеењето на правото и за неселективноста на правдата, затоа што нејзината кариера експресно напредува токму преку политички монтираните процеси.

Прво, Неделкова го притвори градоначалникот на Струмица Зоран Заев за случајот „Глобал“ и на два пати му се спротивставуваше на истражниот судија кој наложуваше Зоран Заев да го следи процесот од слобода. Тоа беше нејзината прва отскочна даска со која си ја заработи позицијата претседател на Кривичниот суд.

Како претседателка на кривичниот суд, под нејзина палка им се пресуди на Велија Рамковски и на Љубе Бошковски – двата најочигледни примери како власта се справува со неистомислениците.

Од позицијата претседател, Неделкова, по налог на власта, ги следи двата процеси, а нејзиното влијание врз текот на судењето и одлуките беше неколку пати коментирано во медиумите. Затворањето на Бошковски и Рамковски претставува втората отскочна даска за Неделкова да премине во Врховен суд, прескокнувајќи едно важно скалило во судската хиерархија, а тоа е Апелациониот суд.

Дека процесите кои се суделе додека таа раководи со Кривичниот суд се политички мотивирани потврдуваат извештаите на релевантните организации и институции како „Амнести интернешенал“, „Репортери без граници“ и Американскиот „Стејт Департмент“, кои директно со има и презиме ги посочуваат случаите на Бошковски и Рамковски, како политички монтирани и како пример за злоупотреба на судството од страна на извршната власт, за пресметка со политичките неистомисленици и критичките медиуми.

Токму преку ваквите судски процеси се изгради инстант кариерата на Неделкова која е една од главните алки од планот на власта за окупација на судскиот систем. Само што стана врховен судија по затворањето на Бошковски и Рамковски, Неделкова за неколку месеци се наметна како најуспешна во плејадата возрасни, искусни и професионални судии во Врховниот суд и застана на првата позиција.

Со изборот на Неделкова, Судскиот совет стави дополнителни окови на македонското судство. Судијката која експресно напредуваше преку политички монтирани случаи сега е главна во судскиот систем, и како претседател на Врховниот суд, ќе одлучува, ќе насочува и ќе врши целосна контрола на судскиот систем, за потребите на овој режим.

Во оваа прилика, сакаме да апелираме до сите судии во РМ да истраат и да не потклекнуваат на притисоците што Лидија Неделкова, сега веќе од позиција на Претседател на Врховниот суд, уште посилно ќе ги врши врз нив и да бидат убедени, дека многу брзо ќе се создадат услови, за преиспитување на работата на овој состав на Судскиот совет. Тоа, меѓу другото ќе значи и дека Лидија Неделкова нема да има можност да го заврши до крај мандатот за претседател на врховниот суд!

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници