Павлов: Нова ера со работа, ред и дисциплина

Од:

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Виница го промовираше кандидатот за градоначалник за општината, Мартин Павлов, како и за членови на општинскиот совет.

Обраќајќи им се на присутните кандидатот за градоначалник Мартин Павлов рече дека почнува нова ера за Македонија за заеднички нови вредности, кои ќе се постигнат, како што потенцира, само со работа, ред и дисциплина и нови проекти.

Пред присутните зборуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој истакна дека овие локални избори се многу повеќе од локални, и оти со нив започнува нова ера и нов живот во Македонија.

Минатата година, рече тој, иако граѓаните ја дале довербата на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери на парламентарните избори сепак СДСМ била донесена на власт.

– Сега е моментот да се испрати силна порака дека секој кој оди спроти волјата на народот нема да стигне далеку, порача Груевски.

Рече дека народот треба да го каже своето мислење за, како што рече, дадените, а нереализирани ветувања на власта за повисоки плати, за развој на економијата, за запирањето на проектите во инфраструктурата кои биле започнати од минатата власт, и за како што рече, намерата на власта да започне редефинирање на државата.

Одговорот на сиве овие прашања, истакна тој, народот ќе го даде на 15 октомври кога очекува да ја поддржи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со што, според него, во Македонија ќе започне нова ера на живот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

(ВИДЕО) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите градоначалници работеа со визија, во многу општини го надминаа ветеното

Горан Наумовски