(ВИДЕО) Павлевски: Јас му го спасив животот на Села, не очекував казна затвор

Од:

„Јас му го спасив животот на Села, не очекував казна затвор“, рече Стојан Павлевски, откако кривичниот суд во Скопје го осуди на три години затворска казна за насилството во Собранието на 27 април минатата година.

Во казната ќе му се пресмета и времето поминато во притвор. Судијката образложи дека Павлевски прв влегол и се упатил кон пратениците и почнал да ги напаѓа, поради што е повисоката затворска казна која што му е изречена.

Павлевски кој доби три години затвор најави дека ќе се жали за висината на казната.

„Не очекував ваква казна, јас му го спасив животот на Села“, рече тој пред новинарите.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

АА: Гаши да го укине заклучокот по интерпелацијата за Даути

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

Села: Европската Унија за Македонија е единствено решение

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари