Павлески: Референдумите за мигранти, заедно со изборите, ги нарушува двата процеса

Од:

Државниот инспекторат за локална самоуправа ќе утврдува дали е законски поставено прашањето за референдумите за мигрантите закажани во неколку општини на датумот кога треба да се одржат и претстојните локални избори, најави денеска заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески.

Според него, одржување на референдуми, заедно со изборите, е симптоматично и ги нарушува двата процеса.

Павлески подвлече дека референдумите и прашањата мора да бидат распишани и дефинирани согласно Закон, посебно кога станува збор за локално ниво, а на граѓаните треба да им се даде шанса и доволно време да бидат запознаени со прашањата на кои треба да дадат одговор.

– Свесни сме за реалната состојба на терен. Повеќе општини распишаа референдуми за идентично прашање: дали се согласуваат граѓаните за населување и интегрирање мигранти на нивната територија. Она што е симптоматично е што сите тие се совпаѓаат со одржување на локалните избори. Во оваа смисла сакам јасно и недвосмислено да истакнам дека врвна цел на една демократија е да организира избори на кои граѓаните ќе можат слободно и непречено да се изјаснат, а институциите и државата мора да направат се за да го заштитат тој процес. Но, исто така и референдумот е уставна категорија за која секоја функционална демократијка треба максимално да се грижи, подвлече заменик-министерот, одговорајќи на новинарски прашања пред трибината за рамноменерен регионален развој.

Би можело да ве интересира

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар