Павле Трајанов побара информација од МВР за грозоморните убиства

Од:

На денешната седница на Комисијата за одбрана и безбедност, пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, бара МВР до Собранието да достави информација за грозоморните убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во која ќе бидат опфатени сите аспекти поврзани со ликвидацијата на Вања и Панче, вклучително и активностите и мерките на МВР, како и на другите служби за безбедност.

„И покрај сите апели да не се политизираат овие грозоморни настани, секојдневно се соочуваме со обиди на СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски да ја релативизираат и префрлат одговорноста на други партии и поединци. Само преку сеопфатна анализа може да се дојде до клучните оценки за поставеноста и дејствувањето на системот, превенцијата, системските слабости, последици од партизацијата, толеранцијата на криминалните и екстремни однесувања, политичката заштита на говорот на омраза, неоснованите напади на неистомисленици итн. Парламентот треба да расправа и за можна политичка одговорност на носителите на власт. Комисијата го прифати предлогот, при што го задолжи министерот за внатрешни работи во рок од 15 дена да достави информација до Комисијата за одбрана и безбедност“, велат од Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Демократскиот сојуз: СДСМ и ДУИ ја вовлекоа Македонија во слеп колосек

Левица: Наместо да одговара за аферата „бесплатен паркинг” Павле Трајанов доби функција

Горан Наумовски

Павле Трајанов е реизбран за претседател на Демократскиот Сојуз

Горан Наумовски

Павле Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за Хашките случаи

Трајанов: Постапката за хашките предмети да продолжи

A1on

Трајанов: Техничката влада да биде одраз на составот на Парламентот

Горан Наумовски