Павле Трајанов: 5 животи згаснаа, одговорноста е на власта!

Од:

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и колаициски партнер на Никола Груевски, во интервју за Фактор, тврди дека вчера во Македонија, постоел обид за дестабилизација на земјава.Одговорноста ја лоцира кај власта за жртвите и повредените.

„ Одговорноста е на власта. Сите ние други, и партии и медиуми и граѓански организации имаме одредена одговорност за општестевните случувања, но ако се загрози територијалниот интегритет на државата, така што имаме уфрлена група во земјава, тогаш одговорноста е на безбедносните служби. Прво ни се случи Гошинце, па сега инцидентот во кумановската „Дива Населба“, тогаш одговорноста мора да ја понесе власта. Не може за ова да се обвинува опозицијата, тоа е далеку од памет.Она што можам да го истаканм е дека се забележливи одредени пропусти на оперативните служби, со што се добива впечаток дека полицијата е практично голо изложена на стрелба. Не можам и не сакам да навлегувам во разно разните шпекулации за сценаријата за овој немил настан. Сепак, треба да почекаме да се стабилизира целата ситуација, затоа што има една нејасна работа, а тоа е што не се знае кој стои зад овие терористички групи и кои се нивните цели“, вели Трајанов.

Би можело да ве интересира

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски