Пауновски: Бараме повеќе инспектори, ни праќаат луѓе што не ги исполнуваат условите

Од:

Не можам да менувам систематизација за некој без соодветно образование, односно за некој што не ги исполнува посебните услови за вработување во ДПИ, да отворам такви места, па по одредено време истите места да ги укинуваме, правам и јас одреден прекршок, односно правам можеби и кривично дело, истакна на денешната прес-конференција директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, во однос на 35-те вработувања во ДПИ, наложени од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Тој нагласи дека ДПИ од Владтаа барал прием на инспектори и да се пополнат испразнети инспекторски места.

– За жал она што го добивме од 35 вработени, сите тие бараат да бидат вработени во три града во западниот дел на земјава, а целиот исток ни е празен со инспектори, рече Пауновски.

Тој нагласи дека од таа причина вршат напори и со министерот за економија и со министерот за информатичко општество имаат средби за дел од оние лица кои ги задоволуваат критериумите да станат инспектори во ДПИ.

– А тоа се правниците и економистите, да ги издвоиме од таа група за да можеме да им е обезбедиме и во постоечката систематизација која што со малку проширување би ја довеле во ред, за да не примаме лица како што се детективи, со завршена криминалистика, кои не ќе можат ниту да се унапредуваат во ДПИ, посочи Пауновски.

Тој потенцираше дека за сите сигурно немаат ниту простор ниту услови, а има и вишок таму каде што бараат да се вработат лицата, меѓутоа за еден дел ќе се најде решение и ќе бидат вработени ДПИ.

– Правници и економисти се 12 од тие 35 вработени, за нив можеме и да обезбедиме. Веќе имаме распишано тендер за набавка на инвентар за да обезбедиме за тие луѓе да седнат, компјутер да работат, а не и понатаму да седат дома, а да се водат дека се вработени во ДПИ, истакна Пауновски.

На новинарското прашање во однос на видливото покачување на цените на производите во продавниците, тој одговори дека ДПИ нема надлежност да ги контролира цените.

– Државниот пазарен инспекторат врши контрола на цените, меѓутоа само на оние цени коишто се на државни ниво донесени, како заштитени или ограничени цени. За жал во трговијата на мало за најголемиот дел производи и стоки коишто се покачени овој период, немаме надлежност да ги контролираме бидејќи како држава сме ориентирани кон пазарната економија, а во пазарна економија и во приватниот сектор секој си оди од побарувачката и потрошувачката, како и од трошоците на набавка, трошоците за превоз што ги имаат како и она што им е како маржа односно заработувачка на самите претпријатија. Немаме надлежност да ги контролираме цените, нагласи Пауновски.

Директорката на Државнот санитарен здравствен инспекторат, Иринка Сотирова Бухова, на новинарско прашање околу покачувањето на цените на лабораториските услуги, посочи дека ДСЗИ нема ингеренции да ги контролира. Тоа, како што рече, е во ингенренции на други институции.

Би можело да ве интересира

Пазарна се закани со казни за сите што ќе работат утре: Исклучок се фирмите кои не можат да го запрат производството

A1on

Синдикат на ДПИ: Во дел од образовните установи се вработуваат лица на водечките позиции кои не се квалификувани

Горан Наумовски

Трајковски: ДПИ издаде две решенија за затворање на маркети

Дел од маркетите ги зголемиле цените, Пазарен инспекторат ќе проверува дали купувачите се доведени во заблуда

A1on

Пазарен инспекторат: Граѓаните да бидат спокојни, ќе бидат казнети оние што не ја почитуваат гарантираната цена

A1on

Трајковски: Затворени 10 маркети, нерегистрираните трговци да се регистрираат најдоцна до 15 октомври