Патувачкиот автобус на ЕУ денеска во Виница

Од:

Амбасадорот Самуел Жбогар и Никола Бертолини, раководител на Одделот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, денеска ќе ја посетат Виница како дел од караванот на ЕУ.

Цел на патувачкиот автобус на ЕУ, организиран од Делегацијата на Европска Унија, е да воспостави директна комуникација со граѓаните и да ги слушне нивните надежи и грижи за Европската Унија и европската иднина на Северна Македонија.

Граѓаните ќе имаат можност да постават прашања поврзани со Европската Унија, процесот на пристапување во ЕУ, можностите за финансирање со ИПА програмата и другите програми за помош, преку директна комуникација со тимот на ЕУ- патувачкиот автобус.

За време на посетата, амбасадорот Жбогар ќе учествува во дебата со ученици од средните училишта за „Визијата на младите за Европската Унија“, после која ќе следат велосипедски родео активности за најмладите, додека Никола Бертолини, раководителот на Одделот за соработка во Делегацијата на ЕУ, ќе одржи работилница и ќе ги претстави фондовите на ЕУ, со насоки за нивна подобра употреба.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за маж од Виница кој со камења на познаник му го скрши черепот и е во кома

Горан Наумовски

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме и тоа пак во Виница, но потребно ни е време за тоа, велат од „Макпрогрес“

Обвинителство не може да почне со увид, пожарот во „Макпрогрес“ не е целосно изгаснат

Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје

18 повредени во пожарот во Макпрогрес-Винчини во Виница

Катерина Ѓуровски