Патријарх Неофит: Решението за МПЦ е сложено и треба добро да се осмисли

Од:

Решението за Македонската православна црква (МПЦ-ОА) се бара толку многу години, па затоа е сложено и треба многу добро да се осмисли, изјави денеска бугарскиот патријарх Неофит во одговор на новинарско прашање за тоа зошто толку долго се бара решение за МПЦ.

Неговата светост забележува дека ова прашање треба многу добро да се осмисли, а решението да се донесе со мнозинство и сите православни цркви да имаат јасна претстава за прашањето за автокефалноста, што не беше разгледувано на минатиот Сеправославен собор на Крит.

На прашањето дали БПЦ ќе ја има силата да ја заштити МПЦ пред останатите православни патријаршии и дали ќе ја прифати “подадената рака од МПЦ“ бугарскиот патријарх одговори дека тоа е најмалку што може да се направи, „затоа што тие се наши браќа и наш народ, и ќе се стремиме да го зачуваме неговото единство“.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата