Патот Маврово-Дебар се одвива по една лента

Од:

Поради оштетување на коловозот од надојдена вода од реката Радика, сообраќајот на патниот правец Маврово- Дебар се одвива по една коловозна лента во должина до 30 метри, соопштуваат од јавното претпријатие „Македонија пат“.

Оттаму додаваат дека нивни екипи веќе се излезени на терен и работат со цел да се ослободи алтернативна втора коловозна лента и да се нормализира сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце