Патниот правец Македонска Каменица – Делчево во целосен прекин поради сообраќајка

Од:

Патниот правец Македонска Каменица – Делчево е во целосен прекин, од 15.20 часот, поради случена сообраќајна меѓу камион и комби возило, која се случи кај местото Манасово Маало.

Во моментот според добиените информации од делчевската полиција, нема повредени лица.

Камионот и комби возилото како што додадоа оттаму се уште се наоѓаат на коловозот, а во тек е и увид на местото на настанот.

Поради дождот кој со прекини од утрово паѓа во Пијанечкиот регион, сообраќајот на магистралата А3 се одвива по влажни коловози, заради што надлежните апелираа на претпазливо возење и почитување на сообраќајната сигнализација.

Би можело да ве интересира

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница