Патникот од Германија нема коронавирус, нема ниту нови пациенти што се тестираат

Од:

Патникот кој денеска со авион пристигна од Германија беше тестиран и е негативен на коронавирусот. Патниците кои седеле во негова близина во авионот, а кои беа задржани во изолација на аеродромот во Скопје, се пуштени дома со препораки за задолжително придржување кон мерките и препораките, кои важат за сите патници кои пристигнуваат во земјата, соопшти вечерва Министерството за здравство.

Оттаму информираат дека во текот на денов, согласно одлуката на Владата, од два патнички авиона на скопскиот аеродром пристигнати од ризични земји беа вратени вкупно 26 странски државјани.

– Во меѓувреме попладнево, на коронавирус се тестирани уште осум пациенти меѓу кои и една медицинска сестра со индикации на болест од Клиниката за инфективни болести и фебрилни сосојби. Сите тестови се негативни на вирусот, се вели во соопштението.

Четворицата пациенти од Дебар позитивни на вирусот, се уште се во Дебар во стабилна состојба и утре ќе бидат донесени во Скопје и хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Би можело да ве интересира

Разрешена директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ, на нејзино место назначен Фадил Цана

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Обезбеден лекот за конго-кримска хеморагична треска, болничарката е во стабилна состојба

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска