Патнички воз удри во автомобил кај кочанското село Горни Подлог, возачот успеал да се спаси

Од:

Патнички воз на релација Скопје – Кочани вечерва околу 19 часот удрил во автомобил на железничкиот премин кај кочанското село Горни Подлог. Според првичните информации, освен материјална штета на возилото, нема повредени.

Станува збор за необезбеден премин преку пругата, каде освен еден сообраќаен знак, нема светлосно-звучен сигнал, ниту рампа.

Полициски екипи вршат увид на местото на настанот, а сообраќајот на патниот правец кон селото Горни Подлог два часа беше во прекин.

Ова е втора незгода за краток период на истиот железнички премин, откако пред неколку месеци воз удри во автомобил. Пред пет дена, патничкиот воз за Кочани излета од шините кај Овче Поле, но за среќа немаше повредени.

Би можело да ве интересира

Хаос под Ламанш: Европските железници во хаос, стотици патници заглавени цела ноќ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Од 0 до 700 километри на час за две секунди

Хорор во Велика Британија: Девет лица избодени во воз, здобиени со животозагрозувачки повреди

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Воз удри во автобус – осум загинати и речиси 50 повредени

А1он

Патнички воз излета од шини во Египет, загинаа најмалку тројца – 94 се повредени

А1он

Драма во Виена: Воз одеднаш застана, патниците поминаа шест часа во темница, спасувачите евакуираа луѓе