Партнерите од „ВРЕДИ“ му испратиле ултиматум на Таравари, понуда за спојување во една партија не добил

Од:

Арбен Таравари кој го предводи едното крило на Алијанса на Албанците и е дел од коалицијата од албанскиот политички блок „Влен“ вели дека не добиле понуда од „Влен“ да се спојат во една партија.

– Досега не сме имале понуда од „Влен“ за да бидеме една партија. Ако имаме, ќе одлучиме, но ако тие веќе одлучиле, им го даваме името – нека го задржат името „Влен“. Ние ќе останеме пет пратеника од Алијанса и ќе продолжиме како пратеничка група, но отворени сме за соработка со сите, изјави Таравари, негирајќи дека имал разговори со опозициската ДУИ.

За информациите дека добил понуди од „Влен“ и од ДУИ да има 35 отсто од советничките листи и пет кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, Таравари рече дека не преговарал со ДУИ, а од „Влен“ добил понуда, која повеќе може да ја нарече ултиматум отколку понуда.

– Не сум преговарал со ДУИ. „Влен“ ми пуштија повеќе би рекол ултиматум пред вчерашното Собрание. Јас никогаш не прифаќам ултиматуми, сакам разговори. Ние сме подготвени да разговараме со сите пред се со „Влен“ бидејќи до сега сме дел од „Влен“, но ако одлучат тие четири да одат без нас, ние тоа го прифаќаме, рече Таравари.

Претходно, Изет Меџити најави дека во текот на оваа недела ќе има иницијатива за Коалицијата Вреди да биде една политичка опција. Меџити посочи дека се водат разговори во рамки на Коалицијата за сите политички субјекти да се претворат и втопат во „Влен“ како политичка партија која ќе ги претставува Албанците на претстојните локални избори.

За тоа какви се односите помеѓу политичките субјекти внатре во Коалицијата, Меџити рече дека никој нема дилеми, освен претседателот на Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари, за којшто рече „гледа можност за соработка со Демократската унија за интеграција“.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Ќе ставите со Ганиу, Меџити и Адеми црвени беретки и ќе тргнете накај Мечкин Камен, само да се спасите од криминалот

А1он

ДУИ: Изградбата на над 150 дивоградби во Чаир не е само урбан криминал, туку и политички притисок врз челниците на партиите миленици на Мицкоски

Села: Најавите дека пратеници од Европски фронт ќе прејдат во владејачкото мнозинство се лага и специјална активност на службите

Валбона Адили Емини од ВРЕДИ нова пратеничка во Собранието по оставката на Салим Сулејмани

ВРЕДИ: Го поздравуваме враќањето на Алијансата за Албанците на фронтот на промените

Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, победата во октомври е многу блиску

А1он