Партијата за движење на Турците без кандидати на локалните избори

Од:

Партијата за движење на Турците на лидерот Аднан Ќахил, која е дел од коалицијата „Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ ќе нема свои кандидати на локалните избори на 24 март.

Партијата вечерва соопшти дека ги одбила сите „нереални понуди од коалицијата“ зашто од нивните редови, како што наведува, биле понудени и предвидени кандидати „далеку од очекуваните и не во сооднос со фактите на терен“.

Заради чесно претставување на турската етничка заедница и за да не се нанесе штета на државните интереси насочени кон ЕУ и НАТО, Партијата за движење на Турците и натаму ќе биде дел од коалицијата за иднината. Ние не сме партија која се занимава со дневно-политички калкулации, туку нашите план и програми се долгорочни, информира партијата на Ќахил.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада