Партијата на пензионери: За три месеци да се одложи предлог законот за трговија на зелените пазари

Од:

„Партијата на пензионери (ПП), иако ја поддржува основната цел во законска рамка да се уредат сите прашања со кои се прецизираат условите и начинот на вршење на трговијата на зелените пазари во Република Македонија, правата и обврските на трговците и организаторите на зелените пазари, искажува загриженост и резерви во врска со Член 7 став 2 од Предлог законот за трговија на зелените пазари, со кој помеѓу субјектите кои не може да вршат трговија како „трговец на зелени пазари“ се опфатени и физички лица кои остваруваат приходи по основ на пензија.

Имено, во Предлог законот, не е предвидена законска можност, дури и пензионери кои имаат сопствено земјоделско или друго производство, да можат вишоците да ги продаваат, со што истите се оневозможени и со плаќање на другите давачки и даноци, да го подобрат својот и семејниот стандард.

Поаѓајќи од фактот дека со примена на овој член од законот можат да бидат засегнати поголем број на граѓани, како и дека тоа може да предизвика загрозување на нивниот материјален и социјален статус, Партијата на пензионери смета дека е потребно да се одложи неговата примена за најмалку три (3) месеци, со цел да се изнајде решение кое нема да ги загрози основните цели на Законот, а истовремено ќе ги обезбеди и нивните права.

Поткрепа и основа на ваквиот став Партијата на пензионери наоѓа во Уставот на Република Македонија во кој е регулирано правото на секој граѓанин да работи и под еднакви услови да му е достапно секое работно место, во врска со што, а со цел законско уредување на правото на работа по остварување на право на пензија, претставник на партијата ќе поднесе иницијатива за изменување на членот 148 став 1 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување“, се вели во соопштението на Партијата на пензионери.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионери

Директорки на домови за стари лица физички и психички малтретираа беспомошни лица, а не им даваа ниту лекови

Горан Наумовски

Номинален раст, а реален пад во трговијата со храна, пијалаци и тутун

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

Владата донесе одлука: Ќе има покачување на пензиите

Горан Наумовски

Пензионерски кредит до 60.000 МКД за 10 минути!