Партијата на пензионери: Уставен прифатил иницијатива за поддржување неправда со која директно се загрозува кревката демократија

Од:

Со прифаќањето на иницијативата да го преоценува Членот 11 од Законот за амнестија, Партијата на пензионери смета дека Уставниот суд прифатил иницијатива за поддржување на неправда со која директно и погубно се загрозува кревката демократија во земјата.

„Партијата на пензионери со неверување и зачуденост го следи постапувањето на Уставниот суд во врска со прифаќањето на иницијативата за преоценување на член 11 од Законот за амнестија.

Партијата на пензионери смета дека Уставниот суд, со ваквата одлука, ризикува да создаде услови со кои ќе се урнисаат сите досегашни напори за правда и нулта толеранција на корупцијата и да промовира неправда, неказнивост и заштита на криминалот.

Апострофирајќи ги и почитувајќи ги правдата и демократијата, како врвни приоритети на нашето општество, Партијата на пензионери ја поддржува иницијативата за Автентично толкување на членот 11 од Законот за амнестија од Собранието на РС Македонија, а ќе ги поддржи и ќе се приклучи во другите идни демократски постапки со цел да се спречи можноста за ново „правно цунами на правдата и демократијата“ и уништувањето на надежите на правдољубивите и чесни граѓани на нашата земја“, се вели во соопштението на Партијата на пензионери.

Би можело да ве интересира

Седница на ИО: СДСМ против зголемување на старосната граница за пензионирање, нема да ги поддржиме интерпелациите од ДУИ

Партијата на пензионери е против зголемување на прагот за пензионирање

Фискалниот совет предлага од 2026 година зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години

Катерина Ѓуровски

Левица: Фискален совет предлага покачување на старосната граница за пензија на 67 години

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите