Партијата на пензионери ги повикува членството и граѓаните на масовно учество на референдумот

Од:

„Партијата на пензионери (ПП), на седницата на ГО уште еднаш недвосмислено и безрезервно го потврди својот став за неопходност од референдумско изјаснување на граѓаните на Република Македонија за Спогодбата „за решавање на спорот“ со Грција и ги повикува своите членови и сите граѓани со масовно учество на Референдумот на 30 Септември 2018 година да придонесат во реализирање на стратешката определба на земјата за зачленување во НАТО и ЕУ, бидејќи за

Партијата на пензионери не постои „поважен и попатриотски“ чин од обезбедување на стабилност на земјата и долгорочна демократска перспектива, просперитет и иднина на генерациите кои доаѓаат.
Партијата на пензионери (ПП) информира дека, како членка на Коалицијата „Излези ЗА Европска Македонија“, активно ќе учествува во пропагандата за Референдумот прифаќајќи го како најдемократската форма на одлучување на граѓаните.

Афирмирајќи го својот став ЗА, ПП најостро се противи на сите облици на повикување и организирање на бојкот на Референдумот, оценувајќи ги како намера и обид за гушење на народната воља поради неспремност на носителите на ваквите иницијативи за „соочување со народот“.

Од тие причини ги повикуваме органите на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија јавно да се огласат и по примерот на Сојузот на борците на Македонија и други бројни невладини организации да го повикаат своето членство масовно да излезе на Референдумот, а секој пензионер, откако целосно ќе се информира, со дадениот глас да придонесе во одлучувањето за иднината на своите деца и внуци“, се вели во соопштението на Партијата на пензионери.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО