Партиите од утре во официјална кампања за локалните избори

Од:

Изборната кампања за Локалите избори 2021 закажани за 17 октомври ќе почне утре и ќе трае 20 дена пред денот на изборите. Учесниците на изборите, политичките партии и независните кандидати веќе го најавија почетокот на кампањата, како и активностите што ќе следуваат.

Најголем дел од кандидатите за градоначалници и советници веќе имаа неформални средби со граѓаните и претставување на своите програми на социјални мрежи. Кампањата завршува на 15 октомври на полноќ.

Вториот круг избори ќе се одржат на 31 октомври, а кампањата за втор круг ќе трае до 24 часот на 29 октомври.

На Локалните избори закажани за 17 октомври 2021 ќе може да гласаат 1 824 864 граѓани. Избирачкиот список беше заклучен на седница на Државната изборна комисија (ДИК) во петокот согласно роковникот. Најдоцна на 1 октомври односно 15 дена пред денот на одржувањето на изборите, ДИК треба да го потпише заклучениот Избирачки список и изводите од него.

Од вкупниот број гласачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1 740 147. Во Посебните извори од Избирачкиот список се запишани 82 461 лица, кои се на привремена работа или престој во странство, согласно евиденцијата на надлежниот орган, 1899 гласачи кои на денот на изборите се на издржување казна затвор или се во притвор: 351 лице во установи за вонсемејно сместување и шест гласачи кои, согласно евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика, се запишани како раселени лица.

ДИК го утврди и изгледот на избирачкото ливче за локалните избори.

На Локалните избори 2021 првпат ќе бидат применети терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите за да се утврди нивниот идентитет и за да се избегнат евентуални неправилности при гласањето.

Како и за Парламентарните избори 2020, и годинава изборите ќе се одржат со спроведување мерки за заштита од Ковид-19 и ќе бидат формирани посебни изборни комисии за лицата кои ќе искажат интерес за гласање, а на денот на изборите ќе бидат во изолација или позитивни на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шилегов од Чаир: Рамномерниот развој на Скопје не смее да запре

ВМРО-ДПМНЕ повикува на заедништво и обединување во борбата против власта

Катерина Павлова-Николовска

Заев: СДСМ во вториот круг ќе ги поддржи кандидатите на коалициските партнери

Катерина Павлова-Николовска

СДСМ Скопје против Арсовска: Загадувањето на воздухот не е намалено заради ветерот, туку поради мерките на Градот

(ВИДЕО) Шилегов: Отворената културна сцена во Градскиот парк ќе биде новата гордост на Скопје

Катерина Павлова-Николовска

Конечни резултати од локални избори, во вториот круг ќе се гласа во 44 општини

Катерина Павлова-Николовска