Партиите ја продолжуваат кампањата со митинзи и средби со граѓани

Од:

Политичките партии денеска, на единаесеттиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори, ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во во Демир Хисар и Битола.

Предизборниот караван на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе биде во Пробиштип и Штип.

Коалицијата ВМРО за Македонија во текот на денешниот ден ќе оствари средби со граѓани во Велес и Кавадарци.

Коалицијата за ПРОМЕНИ И ПРАВДА, предводена од Демократскиот сојуз, ќе одржи митинг во Кочани.

Демократската партија на Албанците митинг ќе одржи во Матејче, Коалицијата за промени и правда митинг ќе одржи во Кочани, а Алијансата за Албанците ќе одржат митинзи во Брвеница и Желино.

Изборната кампања почна на 21 ноември и ќе трае 20 дена, до 9 декември на полноќ.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он