Парното греење ќе се нормализира во текот на вечерта најавуваат од ЕСМ

Од:

Скопјани останаа без парно греење по прекинот на електричната енергија во повеќето скопски населби. Од ЕСМ информираа дека греењето ќе се нормализира.

„Што се однесува до системот за парно греење во Скопје, прекинот е настанат поради прекинот на електрична енергија која е неопходна за работа на пумпите во топланите и на пумпите во зградите. Пумпите автоматски се вклучуваат при обновен доток на електрична енергија и е потребно извесно време за нивно подигање, со што се очекува во текот на вечерта греењето да се врати во нормала. Во зградите коишто се постари и со постар тип на топлотни пумпи, вклучувањето ќе се изврши рачно од страна на стручни лица“, велат од ЕСМ.

Оттука додаваат дека производството на електрична енергија од АД ЕСМ тече според предвидениот план за производство и согласно номинациите на ЕВН и другите потреби.

Работат два блока во РЕК Битола, гасната електрана Енергетика во Скопје, еден котел во ТЕЦ Неготин, хидроелектраните според потребите и се презема и електричната енергија од ТЕ-ТО, согласно важечкиот договор.

Нема никаков застој во производството и електраните се подготвени во секој момент да испорачаат потребни количини енергија во системот.

Би можело да ве интересира

ЕСМ: Од 15 октомври официјално почнува грејната сезона

Горан Наумовски

Меѓу приведените нема актуелни директори на РЕК Битола, реагира ЕСМ

ЕСМ: Поради ниските температури, од утре стартува грејната сезона

Горан Наумовски

РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври, но може да почне и од 1 октомври доколку температурата е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови

ЕСМ: Левица манифестира елементарно непознавање на Законот за јавни набавки

Од денеска до 30 април, парно треба да има ако температурата е 12 степени