Парнарџиева-Змејкова одржа предавање на летна школа во Милочар

Од:

Директорката на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Маја Парнарџиева-Змејкова пред учесниците на 19. Меѓународна летна школа за менаџмент на институции кои обезбедуваат здравствени услуги што се одржува во Милочар, Република Црна Гора, ги презентира искуствата од спроведените реформи во македонското здравство и предизвиците во финансирањето на македонскиот здравствен систем.

Предавањето ги опфати модалитетите за успешност на реформите во начините на плаќање како што е плаќањето според дијагностичко сродни групи (ДСГ), воведувањето на уникатната алатка – условен буџет за целни групи на пациенти, континуиран следење на цените, поттикнување на конкуренција и зголемување на квалитетот на здравствените услуги, плаќање на специјалистички пакети за завршени епизоди на лекување.

Пред министрите за здравство на БиХ, Република Српска и Црна Гора, Русмир Месиховиќ, Драган Богданиќ и Миодраг Радуновиќ, како и пред врвните менаџери на здравствените системи од регионот и Европа, Парнарџиева-Змејкова ги објасни преземените чекори за Македонија да стане лидер во регионот во електронски услуги во здравството и ФЗОМ со проектот на електронска здравствена картичка, укинување на хартиените здравствени книшки, воведувањето на електронскиот упат и електронските рецепти го заокружува во целост интегрираниот електронски здравствен систем.

Летната школа на тема „Здравствените системи на Југо-Источна Европа на крстопат – по декада на реформи, поглед кон иднината“ се одржува 23 до 27 јуни 2014 година, а ја организира Европскиот центар за мир и развој (ЕЦПД) при Универзитетот на ОН.

Учествуваат експерти и високи претставници на меѓународните тела за здравство меѓу кои Тихомир Домазет, директор на хрватскиот Фонд за здравствено осигурување, Арне Бјорнберг, претседател на Евро индексот за здравство и бројни еминентни експерти во сферата на здравството од Шведска, Велика Британија, Хрватска и Србија. Собирот е најголем од овој вид во Југоисточна Европа во однос на претставување на преземените реформи во здравствените системи.

Би можело да ве интересира

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор

ДУИ: Здравството е сектор кој треба да служи за спасување животи, а не за создавање богатство за фамилијарни кланови

Горан Наумовски

Докторите во мали места ќе може да работат без медицински сестри

А1он

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски