Парламентарните партии ќе доставуваат свои предлози за помирување

Од:

Освен за настаните од „27 април“, Работната група за помирување на Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција ќе биде во постојано заседание и ќе идентификува и други извори на конфликти кои произведуваат политички кризи, поделби и недоверба, вклучително и на навивачките групи, консензуланоста во развојните владини политики, ЛГБТ, монтирани политички процеси, реформски закони, говорот на омраза, скандалот со прислушкуваните материјали, соработка меѓу локалната и централната власт, кривичниот законик и други форми на конфликти.

Ова денеска го истакна претседателот на Работната група за помирување Зекир Рамчиловиќ по завршувањето на првата седница на оваа подгрупа за која информираше дека учествувале сите членови и дека утврдиле и дека до 5 декември треба да излезат со предлог до Интерпарламентарното тело за реформи, интеграција и помирување.

-Произлегоа многу добри предлози кои сите во пратеничките групи ќе ги продискутираат. Она што е важно ги прецизиравме насоките кон кои ќе се движиме бидејќи е важна оваа политичка одлука. Сите сме за донесување на законско решение со кое ќе започне релаксација на односите во општеството без да се нарушат принципите на владеење на правото. Сметаме дека е потребно сите институции да го стават државниот интерес во дадениот момент, а ги повикуваме и медиумите позитивно да се вклучат во овој процес, нагласи Рамчиловиќ.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска