Парламентарна делегација во Брисел на конференција за комуникација со граѓаните

Од:

Во Брисел денеска ќе се одржи интерпарламентарна конференција на тема „Комуникација со граѓаните, како да се развие сеопфатна комуникациска стратегија од Парламентот“, организирана од Групата за поддршка на демократијата и координација на изборите во соработка со Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

На конференцијата учествува и делегација од Собранието на Република Македонија во чиј состав се Павле Богоевски, Иван Иванов, Агим Шаќири и Зеќир Рамчиловиќ.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на конференцијата што ќе ја отвори европратеникот Едвард Кукан, ќе бидат разменети мислења и искуства околу политиката за комуникација со ЕП, комуникациската стратегија на ЕП за изборите за ЕП 2019 година, како парламентот може да го следи јавното мислење, како парламентот да се бори со лажните вести, Европскиот парламент и медиумите: услови обезбедени за новинарите, Европскиот парламент и граѓаните: директни канали на комуникација.

Свои излагања и дебати ќе имаат генералниот директор за комуникации и портпарол на Европскиот парламент, претставници од Генералниот директорат и европратеници.

-Еден од постулатите на работењето на Собранието на Република Македонија е целосна транспарентност и отвореност. Лажните вести и во Република Македонија се сериозен проблем, бидејќи со нив намерно се извртува и манипулира вистината. Затоа е неопходно редовно информирање и целосна транспарентност во работењето, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски