Парични казни за девет лица кои не го почитувале полицискиот час во Тетово

Од:

Основното јавно обвинителство – Тетово по добиените шест кривични пријави денеска до Основниот суд – Тетово поднесе предлози за издавање на казнени налози против девет лица.

-Лицата на 16.05 и 17.05.2020 година не ја почитувале забраната за движење и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на разни локации низ Тетово. Со своите дејствија обвинетите сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителството му предложи на судот деветмината обвинети да ги огласи за виновни и да им изрече парична казна од 100 дневни глоби.​

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски