Парични казни од по 2 000 евра за осум лица за групирање на забава во Скопје

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казни од по 2 000 евра против осум лица на возраст од 18 до 22 години, кои на 8 јануари биле затекнати на приватна прослава на улицата „Васил Ѓоргов“, во домот на една од обвинетите.

На истата прослава биле затекнати и седум малолетни лица, за кои ќе се спроведе постапка согласно Законот за правда на децата.

– Обвинетите постапиле спротивно на прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за спречување на ширењето на опасна заразна болест, а кои се однесуваат на забрана за одржување на прослави на отворен и затворен простор во периодот од 18.12.2020 до 21.01.2021 година, се вели во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетите полнолетни лица да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра.​​

Лицата се теретат за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Кривина пријава за жител на Пласница кој го отшетил возот „Ќиро“

Професор истепал ученичка во средо училиште во Кичево

Го тепал, го принудувал орално да го задоволува и да користи дрога – кумановец киднапирал сограѓанин

Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајка и молчела поради љубовна врска со него